ЧОВЕЧНОСТ

Охрид, 17-21 април 2017 Здружението „Во твоја слава“ и овој Велигден со вредносни ваучери

Охрид, 20 април – Четириесет корисници на социјална помош, поединци или социјално загрозени семејства од Охрид и околината, и оваа година за Велигденските празници добија вредносни ваучери од страна на Здружението на граѓани „Во твоја слава“ од Охрид. Како и минатата година, Здружението во рамки на своите активности за грижа и помош на лица од ранливите категории, обезбеди вредносни бонови што примателите на помошта ќе можат зависно своите потреби и приоритети да ги реализираат во централната продавница на „Стоп-Шоп“ во Охрид кај Музичкото училиште. Средствата за активноста на Здружението „Во твоја слава“ што се спроведува до 21 овој месец, се обезбедени по пат на донации од членството, а во акцијата се вклучи и фирмата „Карат“ односно синџирот маркети „Стоп-Шоп“. Инаку, изборот на лицата на кои им се доделени вредносните е спроведен во координација со Меѓуопштинскиот центар за социјална работа, со цел помошта да ја добијат оние семејства на кои им…

ЧОВЕЧНОСТ

Охрид, 9-14 мај 2016 – Реализирана Донација со вредносен бон

Охрид, 9-14 мај 2016 – „Здружението Во твоја слава“ од Охрид во рамки на своите активности за грижа и помош на лица од ранливите категории и социјално загрозени семејства, обезбеди средства за материјална помош за 40 граѓани на Охрид и околината.  Станува збор за вредносни бонови што примателите на помошта зависно своите потреби и приоритети ќе ги реализираат  во  период од 09.05.2016 до 14.05.2016 во централната продавница на „Стоп-Шоп“ што се наоѓа во непосредна близина на Музичкото училиште „Методи Патче“. Средствата за оваа активност се обезбедени по пат на донации на членството на Здружението, а во акцијата свој придонес даде и фирмата „Карат“ односно синџирот маркети „Стоп-Шоп“ со дополнителна помош.   Изборот на лицата на кои им се доделени вредносните ваучери Здружението „Во твоја слава“ го направи во координација со Јавната установа „Меѓуопштински центар за социјална работа“, со цел помошта да ја добијат оние семејства на кои им е најпотребна….