На 14.12.2019 год. (сабота) во 19 часот, во Хотел City Palace ќе се одржи промоција на поемата “Градина без мрак” на Александар Трпески.
Поемата „Градина без мрак“е пишувана во стихови и проза што создаваат една целина.
Поемата почнува со фразата со кој завршуваат поголемиот број приказни „ Имаа многу деца и среќно си живееја“ и продолжува со стихови кои ја опишуваат идеалната жена.
Стиховите се прекинуваат со разговор помеѓу слушателот и поетот. Во тој разговор наизменично се испреплетува поезијата и раскажувањето на поетот се до крајот на делото.
Поемата ја претскажува најголемата свадба која треба да се случи, а тоа е свадбата на жената во бело и господарот на срцето.