ЧОВЕЧНОСТ

Охрид, 20-27 мај 2019 – „Здружението Во твоја слава“ од Охрид додели вредносни ваучери

Четириесет корисници на социјална помош, поединци или социјално загрозени семејства од Охрид и околината, и оваа година по четврти пат за Велигденските празници ќе добијат вредносни ваучери од страна на Здружението на граѓани „Во твоја слава“ од Охрид. Здружението во рамки на своите активности за грижа и помош на лица од ранливите категории, обезбеди вредносни ваучери што примателите на помошта ќе можат зависно своите потреби и приоритети да ги реализираат во маркетот на „ДОН Примус“ во населбата Видобишта во период од 20.05.2019 година до 27.05.2019 година.. Вредносни ваучери за 40 лица беа избрани во координација со Меѓуопштинскиот центар за социјална работа, со цел помошта да ја добијат оние семејства на кои им е најпотребна. Здружението „Во твоја слава“ средствата за помошта ги обезбедува по пат на донации на самото членство. Здружението е формирано 2014 година со намера да спроведува активности насочени кон промоција на хуманоста и во рамки на можностите да помага на граѓаните од регионот и пошироко.